ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ со лаги сака да ја оцрни наградната игра

СДСМ со лаги и невистини сака да ја оцрни наградната игра „Фискална во рака- награда без мака“, сметаат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, правилата за игра на среќа според закон се дадени на веб- страницата на Државната лотарија на Македонија која е приредувач на наградната игра, додека Министерството за финансии е покровител. Ова на повеќе пати е комуницирано во јавноста, што може да се види и во бројните изјави на оваа тема. Второ, Локвенец клевети дека не е платена давачката од 18% од наградниот фонд- сите давачки по основ на наградната игра се подмирени. Тој свесно во јавноста клевети, а знае дека неговото тврдење не е основано. Трето, на повеке пати во јавноста е даден наградниот фонд на “Фискална во рака- награди без мака”. Дури и децата кои ги собираат фискалните сметки знаат кои се наградите. Четврто, Поштенската марка за учество во наградната игра е 8 денари, а не 18 денари и цената беше намеснки намалена заради наградната игра од 17 денари (од редовната цена). Значи цената на поштенската марка е половина од редовната цена која се плаќа за поштенски услуги“, се наведува во партиската реакција.