ВМРО –ДПМНЕ: СДСМ соочена со целата своја немоќ, игра на картата на ефтин воајеризам

Денес СДСМ соочена со целата своја немоќ продолжува се понагласено да игра на картата на ефтин воајеризам, регаираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Oд владејачката партија велат дека денешната прес конференција е доказ за пакоста која сакаат да ја направат, нивната непродуктивност но и отвореното манипулирање.

„Раскажувачот Заев и неговите клонови по градовите пуштаат креирани, сечени, лепени и прелепувани, монтирани материјали кои самите по себе не докажуваат ништо. Жално е што суштината на политичкото дејствување на СДСМ и Зоран Заев дојде до таму да главната активност на оваа партија се состои во напорите да се даде некаков наводен наратив, да се раскажува нешто скандалозно, иако тоа е далеку од тоа што СДСМ сака да го претстави. Затоа имаат потреба од објаснување и дообјаснување, за да може да се манипулира, злоупотребува и да се прикажува во одреден неточен контекст. Но, главното прашање е што тоа добро носи за граѓаните и за државата.Вистината не е во сечените материјали туку во тоа што е сработено“ , велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Понатаму во соопштението што денес ВМРО – ДПМНЕ го упати до јавноста се вели:

„Плод на работата на СДСМ е манипилирање, лажење, работа на штета на државата, на штета на националните интереси, внесување на раздор по етнички прашања, раздор во македонското национално ткиво, желба за тензии и создавање на криза. Плод на работата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се проектите и мерките како зголемени пензии, зголемена социјална помош, поголеми стипендии, поголеми плати, отворање на нови работни места и привлекување на нови инвестиции, субвенции за земјоделието, изградба на три нови автопати и најава за изградба на нов четврт автопат, две нови клинички болници, и реконструкција на старите болници, нови училишта и градинки. На секој штипјанец, но и секој граѓанин од било кое друго населено место во државата му е совршено јасно и знае како гласал на изборите и зошто ја дал својата доверба. СДСМ не може со било каква манипулација или смислени лаги да ги убеди во нешто што не постои. На изборите се мери угледот на секој политичар, а тоа што во Штип СДСМ години наназад катастрофално губат на иборите најдобро покажува што мислат граѓаните за СДСМ. На крајот СДСМ ќе се памети по штетата која ја предизвикала со таквото свое однесување, а граѓаните ќе ги ценат делата и проектите поради кои оваа Влада опстојува и ја има довербата.