ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во шок од дебаклот со референдумот, си дадоа нов автогол

Очигледно е дека во СДСМ се сеуште во шок по фијаското и дебаклот на опозицијата на референдумот во Центар и по пораката од граѓаните дека не ја подржуваат деструктивната политика на СДСМ, па со денешната прес конференција на Зоран Заев на која објавуваше креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали чија веродостојност не е утврдена си дадоа нов автогол, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И покрај тоа што дополнително покажаа дека одработуваат единтвено за туѓи интереси, покажаа и дека немаат никаков капацитет и кредибилитет за водење на реална политика. Заев е толку завлезен во деструктивност што веќе навлезе и во сопствено и партиско дефакторизирање и автодеструкција.

Со својот настап и со денешните креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев си даде автогол и потврди дека токму агентурната мрежа на неговиот соработник Зоран Верушевски незаконски вршела прислушување за пари и по инструкции на Верушевски, со што ги потврди основните на сомнение кон обвинетите во случајот Пуч. На сите им е јасно дека Заев и неговата група, како што впрочем и самите признаа пред институциите, го организирале прислушкувањето и делувале во соработка со странските елементи. Најприслушкувани биле луѓето од државниот врв што укажува дека ниту Груевски ниту Мијалков не дале наредба да се прислушкуваат самите себе. Соочен дека никој веќе не им верува и дека нема никаков ефект од ова што го прави, Заев прибегнува кон вакви апсурдни, површни и тргикомични прес конференции со кој самите се посипуваат со пепели во кои и самите не си веруваат во неточниот наратив кој сакаат да го наметнат, но на кого никој не му верува.

Не навлегувајќи во дворските и византиски местенки и игри во СДСМ, и во тоа кој кого во СДСМ сака да го пушти низ вода, сакаме само да истакнеме дека со овие креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев потврди дека измените на законот за следење на комуникации се донесени во транспарентна и демократска процедура, во процес на политички дијалог и со меѓународна верификација, и истите се изгласани и поддржани од пратениците на СДСМ меѓу кои и Радмила Шекеринска, Емилијан Станковиќ, Весна Бендевска, Митре Велјановски, Маринела Тушева, Тито Петковски и останатите. Ова е уште една потврда дека вистината не е во монтираните, сечени и прилепени разговори, туку во она што навистина се случило.

Во однос на фалењата на Заев дека поседува еден куп незаконски прислушкувани и креирани, сечени и монтирани материјали и смс пораки, СДСМ може да кажат дека доставиле и 5 милиони страници материјали, но ако во нив нема ниту еден аргумент како што очигледно во овие до сега објавени материјали на Заев нема, тогаш залудно им е се. Бројката не е воопшто предиспозиција и показател за квалитетот.

Свесен дека ова сценарио не му поминува тој повторно се заканува со насилство, со тензии и конфликтност, но Заев треба да знае дека секоја негова постпака во таа насока ќе биде остро осудена од страна на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ кој нема да дозволиме државата да биде заложник на неговото сценарио.

Зоран Заев се поочигледно влегува во сопствената кал и секое негово сценарио се распрснува и разобличува. Граѓаните испраќаат јасна порака дека не го подржуваат ваквото однесување на Заев. Ова е прес конференција на човек кој е свесен за своето злодело и лошо одбран начин да се вади од одговорност. Ова е алиби прес конференција во која Заев сака да се убеди прво себе и своите а потоа да ја убеди јавноста во нешто што е крајно нелогично и сулудо. Уплашен од доказите и сега импровизира и лаже бесрамно. Ова покажува дека стравот ги тера да прават клучни и стратешки грешки“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.