ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши притисок врз наставниците во струмичко

СДСМ се обидува преку своите проопозициски медиуми да манипулира со јавноста во врска со протестот на СОНК во Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Реалноста е сосема поинаква. Притисоците врз наставниците и професорите во струмичко ги прави токму СДСМ.

Оттука нормално е  во Струмица дека нема да има настава, кога Зоран Заев и локалните шерифи на СДСМ им се заканувале на професорите дека ќе летаат од работа ако дојдат на настава, иако тие сакале.

СДСМ  на дело ја покажува својата немоќ и политичка хаотичност со ваквите лицемерни и недемократски постапки.

Тие покажуваат дека се партија во која слобода и демократија значат тие да се на власт и да газат по достоинството на луѓето. Народот ниту во минатото, ниту сега не ги заборава нивните постапки. Тие и со овие сегашни закани на наставниците од струмичките училишта го покажуваат вистинското лице.

Самиот факт што СДСМ така често спомнуваат уплашеност, говори за една нивна посебна состојба на духот и ние тука не можеме да помогнеме колку и да сакаме.