недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

ВМРО – ДПМНЕ: Додека СДСМ навредува, лаже и манипулира, ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните

VMRO

Поврзани вести

Додека СДСМ навредува, лаже и манипулира, ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните, заедно со нив ја пишува изборната програма, и макотрпно работи на нејзината реализација, се вели во соопштението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати во јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ последен пат поддршка од граѓаните доби во 2002 година. Од тогаш па се до ден денес, СДСМ губи на избори, во девет изборни циклуси по ред.

Во СДСМ причините за за нивните порази се во тоа што народот грешел, народот бил стока и стадо овци.

Додека СДСМ навредува, лаже и манипулира, ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните, заедно со нив ја пишува изборната програма, и макотрпно работи на нејзината реализација.

Доказите за тоа граѓаните на Република Македонија ги гледаат секојдневно. 140.000 нови работни места, стотици милиони евра субвенци за земјоделците, покачени плати, покачени пензии, стотици километри новоизградени патишта, инвестиции во железничката инфраструктура, спортот, инвестиции во образованието. Инвестирање во сите сфери кои го подобруваат животот на граѓаните. Планско работење во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Народот кој за СДСМ е „стока која греши“, за ВМРО-ДПМНЕ е народ за чиј интерес вреди да се работи беспоштедно.

Народот кој СДСМ сака постојано да го манипулира и да го лаже, за ВМРО-ДПМНЕ е народ чиј глас вреди, чија идеја навистина значи, чие достоинство е врвен приоритет.

Затоа СДСМ е 10 години во опозиција. Затоа СДСМ и ќе остане таму и после 24 април. 156 дена до конечниот пораз на СДСМ.

Најчитани вести