ВМРО-ДПМНЕ: Се крие што се договора за името на државата

Дурловски, Чавков, Дамовски, Илиевски… Република Македонија крахира и на економски и на политички план. Граѓаните секојдневно осиромашуваат, а СДСМ носи закони кои се на штета на интересите на македонскиот народ и држава. Се покачуваат акцизите и давачките, а на политички план се злоупотребуваат институциите и политички се гонат неистомислениците, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на Зоран Заев за само три недели Република Македонија ја задолжи за 600 милиони евра. На сила се турка неуставен закон за двојазичност, а од јавноста се крие што се договора за името на државата. Демократија нема, а судовите политички и без никаква основа во притвор држат патриоти. Видни актери, уметници, режисери, архитекти, доктори и истакнати граѓани се прогласени за терористи. Судот делува како продолжена рака на СДСМ и му помага на Заев во политичката хајка против лица кои никогаш не сториле ниту прекршок, а не пак терористички акт, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Јовановски и останатите не се терористи, туку патриоти!

-Државата нема да тргне ни чекор напред кон ЕУ и НАТО се додека не се почитуваат елементарните права на човекот. Правосудните органи во интерес на Македонија и иднината на државата мора да ја вратат правната државата. Власта мора веднаш да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата. Законите мора да биде исти за сите. Селективноста и неправдата одат на штета на Република Македонија. Државата мора да биде еднаква кон сите, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.