Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се остварува ветувањето на СДС дека ќе брка од чистачка до министер

ВМРО-ДПМНЕ: Се остварува ветувањето на СДС дека ќе брка од чистачка до министер

Не се остваруваат ветувањата за проекти на СДС, но единствено што се остварува е ветувањето дека ќе се брка од чистачка до министер, и дека живи луѓе ќе се јадат. Тоа ќе се овозможи преку новиот закон за администрација кој е сигурен рецепт за партизирана администрација, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев преку измени на овој закон истовремено ќе овозможи и бркања од работа на вработените кои не се политички подобни. Владата на СДС единствено на овој начин ќе ја сруши професионалноста на администрацијата газејќи ги европските стандарди и законските решенија донесени во согласност на експертската јавност. Со укинувањето на психолошкиот тест и меѓународните сертификати за познавање на еден од трите странски јазици е само уште еден доказ дека на владата на СДС не и е грижа за професионалноста и квалитетот во државната администрација, туку сакаат да го забрзаат процесот на вработување на партиски војници по институциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.