ВМРО-ДПМНЕ: Се подобрува студирањето и животот на студентите

„СДСМ покажува дрзок, лицемерен и дволичен одност спрема јавноста и студентите, поради тоа што во време кога тие беа на власт не спроведоа ниту еден единствен проект во корист на студентите, во корист на нивниот стандард и во корист на подобрување на високото образование во Република Македонија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес конференција на Стефан Богоев.

„Во време на СДСМ партиципациите на факултетите беа двојно, тројно и повеќе пати поголеми од оние денес, не се отвори ниту еден факултет ниту дисперзирани студии заради доближување на високото образнование во различни градови. Можност да студираат имаа само одредена тесна група на граѓани, се учеше од скрипти и книги на странски јазици, а стипендирањето беше сведено на минимум“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги има констатирано административните проблеми при спроведување на проектот бесплатен превоз од ЈСП  и тие континуирано се разгледуваат и ќе се решаваат и надминуваат, велат во реакцијата од партијата, велат од партијата.

„За разлика од времето на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ спроведува голем број проекти и реформи во образованието со кои се подобрува студирањето и животот на студентите. ВМРО-ДПМНЕ со многу труд, енергија и вложувања постојано спроведува голем број на проекти и реформи во образованието“, нотираат во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.

„Се намали партиципацијата на факултетите, се отворија нови универзитети,факултети и дисперзирани студии во многу градови, започнаа да се реновираат студентските домови, за прв пат студентите добија бесплатен превоз со воз, бесплатен авобуски превоз,бесплатен влез во театрите и кината низ цела Македонија, се преведуваат огормен број книги од кои се учи на најпрестижните универзитети во светот,  се зголеми бројот и висината на стипендиите и студентите од Македонија добија можност преку Министерството за образование годишно да аплицираат и добијат повеќе од 7000 стипендии по различни програми.“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

„ВМРО –ДПМНЕ со внимание, многу работа и труд се обидува континуирано да ги подобрува условите за студирање во Македонија. Тоа е еден од врвните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ  и Влдата на Република Македонија.

СДСМ досега не собра храброст и доблест да поздрави ниту една мерка која е во корист на младите. Тие слободоно може да продолжат да ги критикуваат мерките, но младите несомнено препознаваат кои работи во нивна корист.“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.