ВМРО-ДПМНЕ секогаш е меѓу народот, ги слуша и решава нивните проблеми

Mинистерот за здравство, Никола Тодоров денеска на трибината во Берово во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ со чело на Груевски воведе нов концепт на македонската политичка сцена и истакна дека тоа е претставување пред граѓаните со програма одграѓаните за граѓаите.

-Со свој караван од град до град, од општина во општина ги слушаме граѓаните, ги слушаме проблемите и се трудиме да решиме што е можно поголем број на проблеми, подвлече Тодоров, пред големиот број граѓани кои присуствуваа на трибината.

Секогаш, додаде тој, сме биле внимателни во давањето ветувања пред граѓаните и секогаш сме биле внимателни во начинот на кој сме ги давале ветувањата.

-Оваа политичка гарнитура предводена од претседателот на партијата и премиерот, Никола Груевски воведе еден нов концепт на македониста политичка сцена а тоа е претставување пред македонските граѓани со програма: што ветуваме дека ќе направиме доколку ни биде дадена довербата од граѓаните. Тоа е програма која што јавно ја обзануваме во која се содржани решенија за проблеми преку проекти кои што ќе бидат реализирани, подвлече Тодоров, кој додаде дека тоа порано не беше случај кај ниту една друга политичка партија.

На крај, потсети излегуваме со отчет.

-Треба да се верува на програмата на ВМРО-ДПМНЕ затоа што гаранцијата за тоа е отчетот кој го даваме за тоа што сме го сработиле во изминатиот период. Така беше до сега а така ќе биде и во иднина, заклучи Тодоров.

Тодоров истакна дека еден од најголемите проблеми кои ги засега граѓаните е проблемот со невработеноста, но потсети на бројките и големите подобрувања кои се направени во изминатите години.

-Во 2004 година имавме убедливо највисока невработеност кога имаше дури 391 000 невработени лица во Македонија. Тогаш имавме и најголемо намалување на наталитетот. Во 2006 година наследивме над 38% невработеност а денеска во Македонија е 25,5%. Тоа е за повеќе од 13 процентни поени помалку. Тоа не е направено со бришење на невработеноста од Агенцијата за вработување туку со отворање на нови работни места, заклучи Тодоров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.