Македонија

Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ најави ВМРО-ДПМНЕ секој ден ќе инсистира на одговор од Моника Талеска и МВР Прилеп за сообраќајката

ВМРО-ДПМНЕ секој ден ќе инсистира на одговор од Моника Талеска и МВР Прилеп за сообраќајката

Борецот за транспарентност и човекови права, Моника Талеска, сега шеф на кабинет кај градоначалникот како да онемела!

Барем Џабир Дерала да се јавеше да праша дали жената со тешки телесни повреди, здобиени од нерегистрираното возило на Талеска е во добра здравствена состојба? Да прашаат активистите на „ЦИВИЛ“ дали некој на таа жена можеби и’ се заканува секојдневно, дали има притисок од локални моќници на СДС, да праша каде се снимките од рентген?, праша денес Робертино Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ние сме овде пред МВР да прашаме во кој билтен е заведен овај настан со тешки телесни повреди? Зошто никој го нема видено тој билтен? Нели сите сме рамноправни? А кога сме тука, да прашаме до каде е истрагата со уништувањето на споменикот на „Александар Македонски“ во центарот на Прилеп? Зарем нема ни еден доказ за вандалите? Зборуваме за споменик кој од повеќе страни е покриен со видео надзор. Кој кого крие во оваа полициска станица? Како е можно 20 дена да нема информација и кривична постапка за тие вандали што уништуваат споменици. ВМРО-ДПМНЕ секој ден ќе инсистира на одговор од Моника Талеска и МВР Прилеп, вели Илиоски.