ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска и Заев работат во стилот на менторот Црвенковски

Радмила Шекеринска и Зоран Заев добро го научиле методот на Бранко Црвенковски, оценуваат од владејачката партија, па тие денеска во стилот на својот ментор го пуштија низ вода советникот на СДСМ од Неготино Диме Витанов.

Наместо да одговорат тие за обидот за фингирање на скандал, го оставија Витанов сам да одговора на оваа афера преку прес конференција и тоа од Неготино.

„Јасен е случајот, бидејќи има сведоци, броеви и е-маил адреси кои може тоа да го потврдат. СДСМ се фатени на дело. Жалиме што СДСМ остави еден млад човек на цедило, човек кој што ова го направил по насока на централното раководство на партијата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму го повикуваат Диме Витанов да се вразуми и да ја каже вистината пред јавноста. Така барем ќе се оправда и ќе покаже доблест пред своите најблиски и пред своите сограѓани.         

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.