ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска тргнала по девизата колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ

СДСМ и Радмила Шекеринска продолжуваат да ја кодошат сопствената држава. Тие и понаму продолжуваат да ја оцрнуваат Македонија каде и да стигнат и да го девелвираат напредокот кој е постигнат во нашата земја, стои во реакцијата што партијата ВМРО-ДПМНЕ ја упати до јавноста.

Од партијата велат дека Радмила Шекеринска тргнала по девизата колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ.

– Покрај тоа што внатре во државата таа и нејзината партија спроведуваат политики што нанесуваат штета, сега дури и се обидуваат со вакви и слични кодошења да им помагаат на оние кои и го попречуваат европскиот пат на Македонија. Радмила Шекеринска наместо да ја кодоши сопствената држава требаше да ја искористи својата посета на Франција да ги застапува интересите на Македонија и својот народ, стои во соопштението.

Понатаму во реакцијата се вели дека Радмила Шекеринска можеше да  побара  почитување на пресудата на Хаг во корист на Македонија, можеше да побара да се вреднува напредокот на Македонија, можеше да побара отпочнување на преговори со ЕУ бидејќи Македонија добива 6 препораки по ред од ЕК.

– Радмила Шекеринска можеше барем на средбата со француските социјалисти да објасни како е возможно во една толку кодошена  Македонија да може да се живее елитистички живот на висока нога, да се стекне движен и недвижен имот кој вреди цело богатство, да се ужива во скапи забави и балови, да се купува скапа гардероба, луксузни чевли и чанти, да се наплаќа кирија од 5 317 евра за станот во кој живее,  да се вози во скапи џипови и да се биде опозиционер како неа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија порачува Радмила Шекеринска и Зоран Заев да престанат да ги бараат виновниците за хаосот во СДСМ во сите други. Тоа што не знаат да ја водат партијата, не смее да е причина да ги држат во заложништво напредокот и иднината на граѓаните во Македонија, само заради нивните лични кариери и теснопартиски интереси.