ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска молчејќи призна дека нешто смрди

Радмила Шекеринска не давајќи одговор за тоа чиј е џипот во кој што се вози, всушност самата призна дека нешто смрди и овој случај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да ве вози шофер или да возите нов луксузен џип е нешто што најголем дел од граѓаните во Македонија може само да сонуваат, а Шеќеринска не мисли ни дека треба да го пријави во својот анкетен лист.Штом Радмила Шекеринска не го пријавила џипот во својот анкетен лист, а го користи, тогаш се отвараат нови прашања.Дали овој луксузен џип е нејзин, а доколку не е, тогаш чиј е?Срамно е за политичар кој себе си се претставува за европски, да избегнува и да не одговара на поставените прашања, стои во соопштението на владејачката партија,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму ја повикуваат Радмила Шекеринска конечно да се одважи да излезе и да даде одговори на овие прашања кои јавноста ги очекува.