ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е фатен на дело во скандали и молчи

Петре Шилегов со денови молчи и се крие од одговори, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Александар Стојкоски, го обвини Шилегов зошто се’ уште не даде ниту еден одговор за скандалите поврзани со неговиот приход и имот. Зошто ја игнорира јавноста и зошто јавно не покажа еден аргумент за скандалите со својот имот?

„Како што можеме да видиме и во СДСМ го тргнаа од држење празни прес конференции, само да не биде принуден да одговори како е можно да добива 700 евра месечно закупнина за имот кој не постои? Kако може човек кој до скоро пријавувал месечен  приходи од 33 000 денари да има купено злато, накит и часовници во вредност од 130 000 евра? Kако е може просечен човек да купи уметнички слики во вредност од 50 000 евра?Kако може во својот стан да смести 4 фирми и притоа за ниту една да не пријави дека има договор за закуп?Дали имотот од 1 милион евра го стекнал преку сомнителни приходи? Еве овие и уште многу други прашања Петре Шилегов избегнува да ги одговори. Ај Што Шилегов се крие, можеме да разбереме, фатен е на дело во скандали и нема одговори. Ама тоа што Зоран Заев и СДСМ молчат, тоа не можеме да го разбереме. Зарем за нив е нормално сето ова? Очигледно дека во СДСМ вредностите се мерат во тоа кој може повеќе на сомнителен и нечесен начин да стекне богатство. Шилегов сигурно се водел од тоа дека ако може Заев да тера тендери со фамилијата, Шекеринска ако може сама  на себе да си наплаќа кирија од 5 000 евреа, тогаш може и тој да прави слични дубари“, истакна Стојкоски.