ВМРО- ДПМНЕ: Шилегов е во офсајд

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека портпаролот на опозициската СДСМ, Петре Шилегов, бил во офсајд.

„Човекот се заплетка во прашања, извинувања, запирки, тези и контратези. Веќе е самиот свесен дека неуспешно се обидува да манипулира. Тоа што во своите прес конференции цело време поставува прашања, не значи дека на јавноста не и е очигледно дека лаже. Јасно е дека пресовите се чиста манипулација, но јасно е и дека  Шилегов свесно се нафатил да ја игра улогата на нечист играч на СДСМ“, стои во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.

Очигледно дека, сметаат од партијата, ова го прави само за да ги покрие скандалите кои се врзуваат за неговото име, но и да ги покрие аферите кои се отворија за Зоран Заев и Радмила Шекеринска и целото раковоство на СДСМ.

„Јасно е дека раководството на СДСМ дало директна наредба да се фабрикуваат лаги. Зарем мислите дека граѓаните ќе заборават на тендерите на Заев, кириите на Шекеринска, тендерите на Манчевски, луксузниот имот на Шилегов? Раководството на СДСМ е во паника зошто нивните членови не им веруваат. Луѓето прашуваат за кого се борат, за ташните на Шекеринска и за тендерите на Заев? Петре Шилегов следниот пат кога ќе се појави во јавноста, наместо да манипулира нека одговори како успеале со минимални примања, тој и неговата соруга да стекнат луксузна куќа од 313 квадрати, како успеал да купи два луксузни автомобили Мерцедес и АУДИ или пак како стекнал стан од 88 квадрати. Следниот пат Шилегов нека одговори на сите скандали кои се врзуваа за раководството на СДСМ, а кои неговата партија одбива да ги одговори“, стои подолу во реакцијата.