ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ упорно кријат дека доставија неточни податоци за својата кампања

Петре Шилегов и СДСМ упорно се обидуваат да го сокријат фактот дека тие во 2011 година до Државната Комисија за спречување на корупција доставија неточни податоци за својата кампања, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ заедно со А1 телевизија и нејзиниот сопственик Велија Рамковски водеа двојни документи за трошоците за кампањата на СДСМ и за овој случај одговорност беше побарана од тогашниот генерален  секретар на СДСМ, Андреј Петров. Тоа не го говори ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го говорат извештаите на надлежните институции. СДСМ е единствената партија која своите долгови кон еден медиум ги наплаќаше преку цесија исто како што СДСМ е единствената парија во Македонија која својата кампања ја финансираше незаконски преку хипотекарен кредит подигнат од една комерцијална банка“, стои во писмената реакција.

Кога СДСМ говори за финансирање на политичка кампања, од ВМРО-ДПМНЕ, треба да говори за низата на законски прекршувања кои тие ги имаат направено во своите изборни кампањи во кои директно ги вклучуваа медиумите на Рамковски.

„Сомнителните бизнис зделки кои ги имаа со него беа класичен пример за нетранспарентност во кои беа потрошени милионски суми“, стои подолу во реакцијата.