ВМРО- ДПМНЕ: Шилегов им овозможил тендер на две фирми блиски до СДСМ

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, спротивно на законот одлучил како претседател на второстепената комисија за жалби по јавни набавки да овозможи тендер на две фирми блиски до СДСМ, рече денеска Сашо Трпевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, Петре Шилегов спортивно на законот одлучил како претседател на второстепената комисија за жалби по јавни набавки да овозможи тендер на две фирми блиски до СДСМ. Значи не се работи за било кои фирми туку за фирмата Семос, во која сопственички удел има токму сопругата на Бранко Црвенковски, Јасна Црвенковска и фирмата Брилијант која е во сопственост на спознорот на СДСМ Мите Николов. Ова се јасни случаи на одлучување кое е во спротивност со законите. Првиот случај, Шилегов ја одобрува жалбата на Семос. При отварањето на понудите, било констатирано од страна на Комисијата на Централниот регистар дека СЕМОС како понудувач нема во понудата доставено Модел на договор, иако за тоа бил законски обврзан“, рече Трпевски.

dokument Semos

Иако, како што рече тој, согласно закон немало основ да се прифати приговорот, фирмата Семос го добила тендерот со решение на кое стои потписот на Петре Шилегов.

Значи Шилегов спротивно на законот прифатил жалба на Семос, иако несмеел да го направи тоа.

dokument- Brilijantin

„Вториот случај е кога Шилегов ја одбива жалбата на Пекабеско, а тендерот го добива фирмата Брилијант во сопственост на спознорот на СДСМ. Значи Пекабеско иако имал пониска понуда на цена сепак неговата жалба не била ниту разгледувана од комисијата на Шилегов со изговор дека има непотполни документи, нешто што во подоцнежната постапка се утврдило дека не е точно“, додаде тој.