ВМРО- ДПМНЕ: Штом Заев не отстапува од техничка влада, разговори нема да има

Штом нема Зоран Заев да прифати разговори без условот техничка влада, тоа значи дека разговори нема да има, што всушност е и целта на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на  денешното излагање на лидерот на СДСМ.

„Ова не е изненадување за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е СДСМ, тоа е Зоран Заев, тоа е Бранко Црвенковски, тоа е Радмила Шекеринска. Тоа е кодот, матрицата, политиката. Немање идеи за нормален натпревар и битка на нерегуларен начин да ја узурпираат власта, против волјата на мнозинството граѓани. Тоа е стратегија на луѓе неспособни за работа и водење држава“, се вели во реакцијата.