недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 42

ВМРО-ДПМНЕ:Сиромаштијата во Македонија е производ и ексклузивитет на СДСМ

Сиромаштијата во Македонија е производ и ексклузивитет на СДСМ. Тие ја создадоа со криминалната приватизација и транзиција кога затворија 684 фабрики низ цела Македонија и кога оставија на улица без егзистенција 200 000 работници, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

anketa-rejting-iri

Поврзани вести

Сиромаштијата во Македонија е производ и ексклузивитет на СДСМ.  Тие ја создадоа со криминалната приватизација и транзиција кога затворија 684 фабрики низ цела Македонија и кога оставија на улица без егзистенција 200 000 работници, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Сиромаштијата во Македонија е производ и ексклузивитет на СДСМ.

Тие ја создадоа со криминалната приватизација и транзиција кога затворија 684 фабрики низ цела Македонија и кога оставија на улица без егзистенција 200.000 работници.

200.000 семјества од Македонија беа оставени без егистенција.

200.000 семејства беа оставени без леб, деца без школување и без перспектива.

СДСМ кога зборува за мизерија во Македонија треба да зборува за својот мандат после кој во земјата останаа 39% невработени, немаше инвестиции во инфраструктура, образование, немаше реновирање и градење на болници и стотици милиони евра за подобра медицинска опрема и подобро здравје кај граѓаните. Немаше субвенции за земјоделците, немаше нови универзитети, школи, градинки, спортски сали, културни центри, базени, немаше борба против загаденоста на воздухот, странските инвеститори ја одбегнуваа Македонија. Немаше книги од врвните универзитети на македонски јазик, немаше ниска партиципација, немаше субвенциониран превоз за пензионери и студенти, немаше стотици други поволности и за младите и за возрасните. Немаше проекти со кои младите може да се стекнат со сопствен дом со огромни поволности, немаше нови автопати, возови.

Имаше само алчна власт од СДСМ и нула проекти во Република Македонија. Ниту еден единствен капитален проект на СДСМ не паметат граѓаните.

Борбата против сиромаштијата, благосостојбата на граѓаните и борбата приотив невработеноста била, е и ќе биде во иднина врвниот приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се отворија десетици нови фабрики низ цела Македонија, се креираа над 150 000 нови работни места и се намали невработеноста од рекордните 39% во време на СДСМ на 25,5%. Ако се земат само овие факти, граѓаните многу лесно можат да видат која е разликата од времето на СДСМ  и сега.

Впрочем и ден денес се работи за надминување на последиците кои ги остави СДСМ зад себе. Денес сеуште враќаме 40 кредити од времето на СДСМ со кои СДСМ не направи ништо освен што Македонија ја смести во категоријата очај и катастрофа, а работниците во категорија питачи.

Затоа и ја плаќаат цената на својата неспособност 10 години по ред. Затоа на 24 април народот уште еднаш ќе го казни СДСМ.

Најчитани вести