ВМРО-ДПМНЕ: Сите знаат дека СДСМ од економија знае само како да делува антидржавно и да прави штета

Сите знаат дека СДСМ од економија знае само како да делува антидржавно и да прави штета, но трагикомично е СДСМ да не знае да отвори една обична веб-страница. Доколку СДСМ ја отвори веб-страницата на Министерството и ги спореди доспеаните аукции и реализираните аукции ќе забележи дека средствата кои се вратени во стопанството се речиси исти со оние кои се повлечени на аукциите, дури и дека дел од аукциите предвидени со календар се откажани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Сите „економски експерти“ на СДСМ веројатно заминале на одмор, па ја оставиле партиската прес-служба на цедило да мора да пишува секакви небулози за да се дефокусира јавноста од чинот на финансиски тероризам кој што СДСМ го изврши и ги оштети граѓаните за 25 милиони евра.

Разликата во каматата 25 милиони евра од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи од Бихаќка. Неодамна во ист ваков чин на финансиски тероризам и вештачки создадена паника аболицираниот криминалец Заев и СДСМ натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати.

За овие антидржавни чинови финансиските терористи од СДСМ ќе одговараат и тоа го знаат. Затоа и се во паника, па пишуваат секакви измислици од нивните Фабрики за афери. Вистина е дека „хартијата држи се“, ама кога се соопштенијата на СДСМ во прашање, тешко и’ е и на хартијата.

Нето задолжувањето на домашниот пазар од почетокот на годината се приближува на нула, како што веќе објави Министерството за финансии на својата веб страна.

Сите знаат дека СДСМ од економија знае само како да делува антидржавно и да прави штета, но трагикомично е СДСМ да не знае да отвори една обична веб-страница. Доколку СДСМ ја отвори веб-страницата на Министерството и ги спореди доспеаните аукции и реализираните аукции ќе забележи дека средствата кои се вратени во стопанството се речиси исти со оние кои се повлечени на аукциите, дури и дека дел од аукциите предвидени со календар се откажани.

Поради основното економско непознавање СДСМ се расфрла со заклучоци од кои се срами секој бруцош по економија, како што е нивното  денешно соопштение, исто како и претходните нивни барања да не се издаваат државни хартии од вредност и еврообврзници. Финансиските терористи од СДСМ уште еднаш покажуваат дека се спремни да го срушат пазарот на капитал во земјава водејќи се по мотото „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.

Граѓаните на Република Македонија на првите наредни избори на кои СДСМ ќе собере храброст да учествува, на аболицираниот криминалец Зоран Заев и финансиските терористи од Бихаќка ќе им ја испорача сметката за антидржавното однесување.