ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Монструм“ покажува до каде СДСМ и Заев може да одат само за да ја задржат власта

Зоран Заев преку морбидна предизборна кампања си поигра со судбината на семејствата на свирепо убиените деца кај Смилковско езеро. Зоран Заев ја крие вистината и ја исполнува платформата од Тирана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Родителите на убиените, јасно кажаа дека Зоран Заев им покажувал транскрипти од разговори помеѓу обвинетите и високи функционери на ДУИ. Тие рекоа дека Заев им тврдел дека поседува информации дека петте телефони кои комуницирале со обвинетите, а се заведени како државна тајна се на високи функционери на ДУИ. Зоран Заев да престане да бега и да ги изнесе своите сознанија на суд. Граѓаните очекуваат од Заев да престане со морбидно манипуилативната политика и да каже која е поврзаноста на Невзет Бејта и функционери од ДУИ со убиството, стои во реакцијата на партијата.

Зоран Заев е должен да даде одговори, во спротивно тој прикрива докази. Случајот Монструм е жив пример колку СДСМ и Зоран Заев се спремни да одат далеку се само за да ја задржат власта. Граѓаните очекуваат правдата да излезе на виделина. Овие изживувања, бегања од одговор и одговорност мораат да запрат. Мора да има крај на нечовечно однесување на ова ненародна власт на СДСМ и Заев, велат од ВМРИ-ДПМНЕ