ВМРО-ДПМНЕ: Смешни се оправдувањата и заканите на Дамјан Манчевски

Дамјан Манчевски повторно одбива да ја прифати одговорноста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој пак се обидува да се прикаже како жртва затоа што добил тендер во вредност од 22.892.000 денари, според документите објавени на официјалниот сајт на Биро за јавни набавки.

Дали и други граѓани во Република Македонија можат да добијат тендер за набавка на услуги на паркинг на оператор за зонско паркирање и потоа да се прикажуваат како жртви?

Смешни се оправдувањата и заканите на Дамјан Манчевски дека ќе ја тужи фирмата „Метропаркингплус“ Доо од Скопје, затоа што тој сеуште стои како лице за контакт. Дали Дамјан Манчевски тужбата ќе ја достави до самиот себе бидејќи тој е лицето за контакт во фирмата Метропаркингплус Доо Скопје? Зарем Дамјан Манчевски ќе се тужи самиот себе затоа што тој е основач и доскоро сопственик во фирмата или пак ќе ги тужи своите бизнис партнери?

Во ситуација кога Дамјан Манчевски е фатен во небрано, тој се обидува со закани да се извлече од скандалот во кој што е заплеткан.

Г-динот Илија Димовски со нетрпение ја чека најавената тужба на Дамјан Манчевски, затоа што неговата прес конференција е базирана на факти и јавни документи.