четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

ВМРО-ДПМНЕ: Смешно е СДСМ да говорат за одговорност за загаденоста

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе продолжи, во координација со сите институции, да бара решение за загаденоста на воздухот во Скопје, како и во сите други градови кои покажуваат вредности надвор од дозволените, велат од партијата.

вмро-дмне

Последни вести

Загадувањето на воздухот е тема која е премногу сериозна за дневно политички маркетинг и крајно е невкусно СДСМ да даваат паушални изјави и предлози за решавање, без никакви докази и показатели за потенцијалните ефекти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

Навистина е смешно СДСМ да говорат за одговорност за загаденоста, кога во време кога тие беа на власт, на државно и централно ниво, не само што не направија, туку напротив, и донесоа серија на одлуки чии последици до ден денешен се чуствуваат.

Интересно е што СДСМ даваат предлози поврзани со јавниот превоз во Скопје, ако се земе во предвид до каква состојба го доведоа истиот. ЈСП како претпријатие беше пред финансиски колапс, а автобусите кои сообраќаа беа по 40 години стари, кои загадуваа многу и постојано беа расипани. Денеска ЈСП Скопје поседува 300 нови, модерни автобуси кои имаат Еуро 4 и Еуро 5 стандарди за емисија на издувни гасови и загадуваат далеку помалку од старите.

Вчера градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалниците од Скопскиот плански регион одржаа состанок на кој беа донесени повеќе заклучоци за долгорочни мерки против загадувањето, меѓу кои се разговараше и за можностите на Градот Скопје, општините и централната власт да субвенционираат проширување на топловодната мрежа и вклучување на домаќинствата кон топловодната мрежа, како и за можноста сите станови во една станбена зграда без исклучок да бидат приклучени на мрежата за парно греење. Ова е важно бидејќи токму СДСМ е партијата која го започна и спроведе процесот на приватизација на скопска Топлификација, со што се нанесоа сериозни штети на интересите на граѓаните на Скопје. Токму приватизацијата на Топлификација е почетокот на масовното исклучување на жителите на Скопје од овој систем и префрлање на други форми на загревање на нивните домови, многу од нив кои се многу нееколошки и директно виновни за високата загаденост на воздухот. Од овие причини, навистина е лицемерно оваа партија да предлага мерки кои се поврзани со субвенционирање на топловодната мрежа, партија која со своите постапки директно допринесе за енормната загаденост.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе продолжи, во координација со сите институции, да бара решение за загаденоста на воздухот во Скопје, како и во сите други градови кои покажуваат вредности надвор од дозволените.

Околу Скопје, сакаме да ја информираме јавноста дека досега се превземени голем број на активности, како што се:

– Градските улици се прскаат со средството калциум магнезиум ацетат за контрола и намалување на ситната прашина;

– Воведен е посебен сообраќаен режим за тешките товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, а кои се упатуваат да ја користат обиколницата;

– Воведен е бесплатен автобуски превоз за повозрасните граѓани, за средношколците и за други граѓани;

– Со помош на Владата на РМ набавени се повеќе од 300 нови автобуси со ЕУРО 4 и ЕУРО 5 мотори;

– Воведен е Автоматизиран систем за управување на сообраќајот (ЦУКС);

– Во моментов се реконструираат и градат велосипедски патеки како дел од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ со кои ќе се добијат над 50 километри нови патеки;

– Градот Скопје е првата локална самоуправа што набави електричен автомобил, електроскутери и електровелосипеди за потребите на администрацијата, а за граѓаните дополнително набавивме и електромобили, електровелосипеди и електротротинети;

– За граѓаните поставени се два полначи за електрични возила во катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“;

– На јавните зелени површини засадени се повеќе од милион листопадни и зимзелени садници, подигаме нови зелени површини и се вклучуваме во акцијата Ден на дрвото – засади ја својата иднина;

– Изработен е Инвентар на стакленички гасови за просторот на Скопскиот плански регион, а во завршна фаза е изработката на Стратегијата за климатски промени;

– Редовно тече постапката за издавање Б – интегрирани еколошки дозволи и Елаборати за заштита на животната средина, а се вршат и редовни контроли на инсталациите од страна на градските инспекциски органи;

– Доделени 196 субвенции за купување печки на пелети, а со оваа активност ќе продолжиме и во наредната година.

Покрај овие мерки, кои ќе се спроведуваат и во наредната година, Владата на РМ ќе набави 50 нови електични автобуси, каде цената на еден ваков автобус се движи од  300.000 до 500.000 евра и нивната набавка ќе чини од 15 до 25 милиони евра евра. Средства за овие автобуси би биле делумно покриени од буџетот на Град Скопје, а делумно од буџетот на Република Македонија.

Најчитани вести