ВМРО-ДПМНЕ со 20 нови проекти за младите, еве каде може да ги погледнете сите

На веб страната www.makedonijazamladite.mk, младите од Република Македонија ќе можат да ги најдат сите 20 проекти за млади кои досега ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и оние кои допрва ќе бидат промовирани.

Денеска Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше оваа веб страница. Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, владимир Нелоски посочи дека на оваа апликација се наоѓаат и шесте проекти кои што вчера беа најавени од страна на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.

За само два месеци ВМРО-ДПМНЕ најави 20 проекти од кои директен бенефит ќе имаат младите луѓе . Ние како УМС во изминатиот период правиме трибини низ многу градови во Македонија, но како што минуваше времето се повеќе проекти имавме за претставување  и информирање на младите. Токму затоа денеска ја промовираме веб страницата на која од сега сите млади ќе можат да се информираат за сите проекти кои ги најави ВМРО-ДПМНЕ но и ќе ги најавува за предизборната кампања за парламентарните избори во април. На оваа апликација се наоѓаат и шесте проекти кои што вчера се најавени: амфитеатарот во Скупи, реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола новите скејт паркови и најзначајните проекти „ Млади амбасадори“ научните олимпијади нема повеќе да бидат само за лична сатисфакција туку сега младите ќе имаат директна финансиска помош од Владата ако постигнат успех. Доколку постигнат прво место ќе имаат едногодишна стипендија од 12.000 денари, второ место 10.000 денари и трето место 8.000 денари, истакна Нелоски.

Досега промовирани 20 проекти за младите
Досега промовирани 20 проекти за младите

Тој додаде дека ова е показател дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за младите и нивното образование, со тоа што истата награда ќе ја добие и професорот на средношколецот којшто го направил успехот, а учесникот ќе добие и 500 евра за да може да купи одредена опрема.

Уште еден проект кој лично за мене е од најважните, тоа е проектот Вработување на 100 најдобри студенти. Со помош на МОН и ВМРО-ДПМНЕ ќе се помогне најдобрите студенти веднаш да најдат работно место и да продолжат да инвестираат во Република Македонија, изјави Нелоски.

Трибина на УМС на ВМРО - ДПМНЕ во Могила
Трибина на УМС на ВМРО – ДПМНЕ во Могила

Нелоски потенцираше дека тие како ВМРО-ДПМНЕ не застануваат тука, туку ќе се продолжи и понатаму да се слушаат идеите на младите луѓе.

Тој ги повика сите млади луѓе да отидат на страната и да се информираат за се што ги интересира во однос на веќе најавените 20 проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.