ВМРО-ДПМНЕ со блокади и протест пред затворот во Шутка

ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе блокира четири крстосници, а потоа ќе протестира пред Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Од 15 до 17 часот ќе биде блокирана крстосницата кај „Мавровка“, а од 15.30 до 17.30 часот крстосниците пред „Нова Македонија“ (Европска Комисија), пред Црвен Крст и кај Соборна Црква. Блокирањето, според партијата, ќе биде секој ден во истото време.

Со блокадите и протестот пред затворот во Шутка ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување од противор на сите лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април.