Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Со економските политики се санира криминално-мафијашкото цунами на СДСМ

Најголем дел од економските политики што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ се во насока да ги санираат штетните последици од криминално-мафијашкото цунами кое и го направи СДСМ на македонската економија. Ова се вели во соопштението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати до јавноста.

Во продолжение проследете го интегралниот текст од соопштението:

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта во Република Македонија, бројките се немилосрдни за СДСМ и ги прави се повеќе нервозни.

Од денот кога СДСМ ја напушти власта до денес отворени се нови 144 842 работни места и денес ист толкав број на луѓе имаат работно место.

Големите бројки на невработеност се резултат на криминално-мафијашкото владеење на СДСМ, бидејќи кога тие беа на власт постојано се зголемуваше бројот на невработени. Во времето на СДСМ од нивни луѓе се затворија 684 фабрики, а над 200 000 граѓани беа избркани од работа и беа доведени на работ на егзистенцијата. Тоа целата јавност го памети.

Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што во време на СДСМ се затвараа фабрики, а во време на ВМРО-ДПМНЕ се отвораат нови фабрики.

Најголем дел од економските политики што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ се во насока да ги санираат штетните последици од криминално-мафијашкото цунами кое и го направи СДСМ на македонската економија.

СДСМ не може да ја излаже јавноста бидејќи се мери стапката на невработеност, но се мери и стапката на вработеност. Потенцираме дека јасно е видливо и разликата е огромна, бидејќи во времето на СДСМ без работа останаа над 200 000 граѓани, а откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи владата отворени се нови 144 842 работни места.

СДСМ ќе мора да се навикне на немилосрдноста на бројките кои никако не се вклопуваат со нивните очекувања, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и понатака ќе продолжи да работи кон отварање нови работни места и привлекување нови странски инвестиции, како и поддршка на домашните фирми.