Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со измислени вести СДСМ мисли дека ќе ја добие поддршката на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Со измислени вести  СДСМ мисли дека ќе ја добие поддршката на граѓаните

Плусинфо, Либертас, А1он и другите соросови и опозициски портали и медиуми, денеска дрско излажаа дека ИРИ има нова анкета и дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е само 3%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИРИ демантираше дека не постои нова анкета, што потврди дека Плусинфо, Либертас и А1он дрско лажат. Ниту едното, ниту другото е точно од тоа што го објавија порталите на СДСМ. Вакви информации пласираат и ќе пласираат во иднина, се со цел да ја прикријат очигледната демотивација кај членството на СДСМ, кое бара објаснување од Заев, зошто и покрај сите материјали и деструкција, ништо не успеа да постигне и ја носи СДСМ во избори на кои што го чека убедлив пораз. Многу се жални ако мислат дека со измислени и лажирани вести ќе успеат да ја добијат поддршката од граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.