ВМРО-ДПМНЕ со конкретен предлог до СДСМ: Изберете еден од европските закони за медиуми

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека актуелниот закон за медиуми е изработен во согласност со сите европски стандарди и ги има добиено сите позитивни оценки од релевантните меѓународни институции кои учествуваа во подготовката на овој закон, како и релевантните здруженија на новинари во Македонија, вели пратеникот Илија Димовски.

Цениме дека овој закон е во ред, посебно заради тоа што, би потенцирал дека на 24 февруари се распушта Собранието и од тој ден па натаму, односно за само 20 дена во сила стапуваат одредбите за медиуми кои што ги има во Изборниот законик а кои се усогласени помеѓу партиите и изгласани се едногласно во Собранието, подвлече Димовски.

Во тие одредби се предвидени сите гаранции каква да биде медиумската застапеност и правичен пристап и до информативните програми на медиумите но и до рекламниот простор за политичките партии.

-Затоа притискањето во овие 20 дена да се донесе едно вакво „Грагамел решение“ е очигледно да се предизвика конфликт. Доколку ваквиот став не е прифатлив јас денеска со мене ги носам сите закони за медиуми  на европските држави ќе ги поставам на маса на преговорите и ќе ги замолам претставниците од СДСМ и ќе ги замолам кој закон сакаат од ЕУ да го изберат и да го преведеме, да го изгласаме и да го имплементираме што е можно побрзо, порача Димовски.