ВМРО-ДПМНЕ со осуда за демолирањето на кафулето во старата Скопска чаршија

ВМРО-ДПМНЕ со осуда за инцидентот во кој беше демолиран објектот Дамар и беа нападнати недолжни граѓани во старата Скопска чаршија.

-ВМРО-ДПМНЕ не се согласува, не поддржува и осудува секаков чин на насилство, насилнчко однесување и агресија. За нас ваквото однесување е незрело, неодговорно и срамно, стои во соопштението.

Оваа партија ги повика институциите на системот во најбрз можен рок да го расветлат и виновниците да ги изведат пред  лицето на правдата и во таа насока апелира настанот да не се злопотребува во ниту еден конктекст, со цел поефикасно да се утврди вистинската позадина и да се откријат сторителите на овој настан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.