ВМРО-ДПМНЕ: Со парите што СДСМ ги расфрла по луксузи можеше да се изградат 500 спортски сали

Изградба на една спортска сала чини околу 700.000 евра, а со 334 милиони евра од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии кои СДСМ ги расфрли по луксузи ќе можеше да изгради околу 500 спортски сали, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спортски сали кои ќе можеа да ги користат граѓаните на Република Македонија. Сепак, партиските интереси СДС ги стави во преден план пред интересите и потребите на народот“, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, го поставуваат прашањето на што се трошат парите на граѓаните, ако се знае дека околу 334 милиони евра Владата предводена од СДСМ повлече од девизните резерви и ги задолжи со издавање на државни хартии од вредност.

„Граѓаните секојдневно ова прашање му го упатуваат на Зоран Заев и неговата неспособна влада. Одговор сѐ уште нема. Има само лаги со кои сакаат да го изманипулираат народот и да го прикријат криминалот“, се вели натаму во соопштението.

Се истакнува дека „неспособната, криминална влада“ на Заев го игнорира гласот на народот и оти барањата на граѓаните ги занемари во трката за вдомување на своите партиски војници.

„Истрошија пари на луксузи како октоподи и морска храна, кои им се гледаат евтини кога се купуваат со народни пари.Владата на СДС, за игнорантскиот однос кон суштинските потреби на граѓаните ќе биде казнета од страна на граѓаните на 15-ти октомври кога Заев и криминалната врхушка околу него, убедливо ќе бидат поразен“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.