ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за намалување на глобите за фирмите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржи предлог измените на Законот за трговските друштва,  кои на 71-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија беа изгласани и донесени.

Со предложените измени на Законот за трговските друштва во делот на глобите значително односно неколкукратно ќе се намалат глобите за сторени прекршоци од страна на правни лица или трговец поединец. Со овие измени се создаваат услови за одмерувањето на висината на глобата да се врши врз основа на критериумите утврдени со Законот за прекршоци и тоа:

-вкупен приход остварен во претходната фискална година,

-просечен број на вработени врз основа на состојбата на крајот на претходниот месец односно месецот во кој е сторен прекршокот и

-врз основа на претходното поведение на сторителот.

Имено, на овој начин трговските друштва со помал вкупен приход и помал број вработени ќе плаќаат

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.