Македонија

Анкета на Телма и МЦМС ВМРО-ДПМНЕ со значителе скок на рејтингот, пад на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ со значителе скок на рејтингот, пад на СДСМ

Скок од 3,4 осто за ВМРО ДПМНЕ за само два ипол месеци покажува анкетата на телевииата Телма, којашто ја спроведе интитуот МЦМС на крајот од  јули. Анкетата покажува драстичен раст во рејтингот во месеците од летото, што, пак, за аналитичарите е резултат на зголемениот активизам и присутност на терен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, како и лидерската дебата по која многу работи станаа појасни.

ВМРО-ДПМНЕ на најновата анкета е со 24 отсто рејтинг, што е скок од 3,4 отсто споредено со нивната анкета во месец мај, каде ВМРО-ДПМНЕ имаше рејтинг од 20,6 отсто, додека СДСМ на најновата анкета има рејтинг од 24.4 отсто, а на истата анкета во мај имала 25,5 отсто, што е пад за 1.1 отсто.

ВМРО-ДПНЕ има поголема поддршка кај Македонците и води пред СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 31.2 отсто. а за СДСМ 28.3 отсто.

Аналитичарот и социолог Ивана Љушева вели дека анкетните резултати и скокот на ВМРО-ДПМНЕ се последица на зголемената присутност на терен.

„Тоа е периодот кога ВМРО-ДПМНЕ организираше голем митинг во Скопје и неколку последователни собири низ поголемите градови. Исто така свое влијание имаше и дебатата меѓу лидерот на опозицијата и власта Мицкоски Заев каде според перцепцијата на јавноста доминираше во повеќето теми лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски што позитивно се одрази на рејтингот на партијата“, смета Љушева.

Нејзините очекувања се дека главното влијание од договорот со Грција ќе се осети на анкетите крајот на септември и октовмри каде јавноста ќе биде дополнително сензибилизирана.

Политикологот Митко Апостоловски посочува дека стагнирањето на СДСМ и Зоран Заев не е последица само на лошото менаџирање со договорот со Грција, туку е резултат пред се на разочарувањата во реалните сектори, како и зголемените афери кои се случија во последниве неколку месеци.

„Видливи се првите знаци на атрофирање кај власта каде има лош менаџмент со аферите, наспроти слаба реализација на ветувања кои се дадоа во предизборието. Од друга страна опозицијата покажа присутност на терен во таканаречен мирен период на летните месеци, воедно свое влијание имаше и лидерската дебата која помогна да се определат граѓаните. Мицкоски покажа отпорност на предизвиците кои ги носи превземањето на гломазен апарат како што е ВМРО-ДПМНЕ и тоа во еден мошне тежок период за партијата како и имунитет на разните внатрешни видливи и невидливи поделби и подвојувања, додека премиерот Заев воопшто не е присутен на теренот и се занимава со глобални прашања кои не се од непосреден интерес на граѓаните“, подвлекува Апостоловски.

Милош Милошоски анализира дека резултатите на јавното мислење во Македонија покажува дека ставовите за одредени теми на анкети се забележуваат со доцнење од 2 месеци, така да вистинското расположение за договорот со Грција може да се види на анкети на есен, кога се очекува дополнителна промена на бројките.

Аналитичарот Сотир Костов па во свои претходни излагања го предвиде ваквиот расплет на настаните. Според него следува видлив распад на владеачката опција која наместо со работа се занимава со политички монтирани случаи, хајки и предавнички договори.

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците беа прибирани телефонски (CATI) во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на повеќеслоен стратификуван примерок од 1026 испитаници постари од 18 години.