ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата во која се наоѓа блиндираниот „мерцедес“ најдобро покажува како СДСМ се грижи за државниот имот

Состојбата во којашто се наоѓа блиндираниот „мерцедес’ најдобро покажува како СДСМ се грижи за државниот имот, реагира во саботата од ВМРО-ДПМНЕ, на нападите од социјалдемократите и нивниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Од ВМРО-ДПМНе посочуваат дека токму владиното мнозинство го води Министерството за внатрешни работи речиси цела година и нивна е одговорноста за состојбата во којашто се наоѓа возилото набавено за потребите и на странските високи делегации при нивните посети на земјата.
„Нивна е одговорноста дали во вакво возило би ги превезувале високите делегации кои би доаѓале во Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв, втор и трет степен безбедносни мерки“, се истакнува во реакцијта.

Меѓу гостите кои досега го користеле „мерцедесот“ се: Делегација – комесарот на ЕУ за проширување, Штефан Филе 17.9.2012 година; Делегација – претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ 26-28.10.2012 година; Делегација – премиерот на Република Србија, Ивица Дачиќ 22-28.1.2013 година; Делегација – претседателот на Република Словенија, Борут Пахор 16-17.7.2013 година; Делегација – претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ 4-5.9.2013 година; Делегација – претседателот на Република Полска, Бранислав Комодовски 10-11.9.2013 година; Делегација – заменик-претседателот на СР Виетнам, Нгуан Ти Доан 1-3.12.2013 година; Делегација – премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан 5.12.2013 година; Делегација – премиерот на Република Србија, Ивица Дачиќ 26.1.2014 година; Делегација – министерот за надворешни работи на Република Грција и претседавач на ЕУ, Евангелос Венизелос 19-20.2.2014 година;
Делегација – генералниот секретар на НАТО, Андреас Фог Расмусен 22.5.2014 година; Делегација – претседателот на Собранието на Канада, Ендру Шер 31.8.-3.9.2014 година; Делегација – премиерот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ 9.9.2014 година; Делегација – премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу 22-23.12.2014 година; Делегација Претседател на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ 12-13.04.2016 година; Делегација Претседател на Република Чешка, Милош Заман 09-10.06.2016 година; Делегација, Претседател на Република Србија, Томислав Николиќ 16.09.2016 година;
Денешната прес конференција на Оливер Спасовски, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека СДСМ немат ниту идеја, ниту, пак, некоја реализација со која би се претставиле пред граѓаните.

„СДС мора да глуми опозиција со надеж дека ќе го оттргне вниманието на граѓаните од ветувањата кои ги даваа пред избори“, се вели во реакцијата.

Се посочува дека доколку владата смета дека „мерцедесот“ е непотребен, може да го продаде, затоа што ваквите возила не губат на вредност доколку се добро одржувани.

„ВМРО-ДПМНЕ додека раководеше со МВР имаше со што да излезе пред јавноста, затоа што беа реализирани стотици проекти кои значеа подобрување на условите за работа на полициските службеници што резултираше со зголемена ефикасност и десетици успешни акции за сузбивање на криминалот“, се вели натаму во рекацијата.

Изминативе десет години ВМРО-ДПМНЕ за потребите на полицијата набави: 250 нови возила во полициска изведба „шкода јети“ и „шевролет спарк“, беа набавени уште 300 други возила, четири хелихоптери, три теренски возила за потребите на Одделот за информатика и телекомуникации, две специјални возила цистерни наменети за интервенции при нарушување на јавен ред и мир, скутери за сообраќајната полиција.

Набавени се нови интервентни возила за потребите на полициските станици, интервентни оклопни возила за потребите на посебните полициски единици, како и посебни возила за превоз на единицата за службени кучиња. Реновирани се десетици полициски станици, а од темел целосно се изградени и нови. Набавени се нови форензички лаборатории, а од затекнатите 400 компјутери во 2006 година МВР го зголеми бројот за десет пати повеќе. Покрај несогласувањата на СДС донесен е нов Закон за внатрешни работи и на полициските службеници им се овозможени подобри услови за пензионирање и повисоки плати преку процесот на усогласување.

Реализацијата на овие, но и на многу други проекти придонесе за реализација на стотици успешни акции со кои македонската полиција се профилираше како релевантен меѓународен партнер. Запленувањето на рекордно количество кокаин, операциите „Диригент“ (Франкфурт мафија), „Босфор“, „Планинска бура“, „Пепел“ и низа други се само показател за капацитети на полицијата кои беа изградени во време на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните од СДС очекуваат проекти кои ќе го подобрат стандардот, а не празни прес конференции со кои би се одвлекло вниманието од исполнување на ветувањата. Граѓаните паметат дека прва работа што ја направи Оливер Спасовски при неговиот влез во МВР е битката за пронаоѓање и присвојување на луксузните возила. Граѓаните не очекуваат лажна скромност и лицемерие од СДС, туку работа“, се заклучува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.