недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да им се извини на граѓаните, на вработените во МВР и на германската компанија

spasovski-oliver-640x430

Последни вести

Технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и денеска одбегна да каже дали медиумите се во право со тврдењата поткрепени со докази дека ја измислил и фабрикувал аферата со обрасците за возачки дозволи, реагираат ВМРO-ДПМНЕ.

Како што наведува ВМРО-ДПМНЕ, единствено што направи Спасовски e бегањето од првичните тврдења дека открил сериозен меѓународен криминал преку кој можеле да се остварат милионски профити.

Според владејачката партија, Спасовски треба јавно да се извини и на вработените во МВР и на германската компанија и на граѓаните.

– Останува големиот срам кој Спасовски и СДСМ го нанесоа на Министерството за внатрешни работи, на Република Македонија уште еднаш на меѓународно ниво, како и срамот кој им го нанесоа на сите членови и поддржувачи на СДСМ за невиденото дно на кое падна нивната партија во време на ова раководство, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести