ВМРО-ДПМНЕ до Спасовски: Доаѓа деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ

Ревизијата на нивните партиски хајки и незаконско работење кои ги спроведува СДСМ преку МВР ќе бидат темелно евидентирани и ќе имаат соодветна разврска, со лична и конкретна одговорност на сите вклучени. Деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ ќе биде спроведена во централата на МВР, во секоја полициска станица, во секој град, во секое СВР, во секое одделение на МВР, во секој сектор на МВР, во секоја дирекција и управа на МВР, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението со коешто директно се обраќаат до техничкиот министер Оливер Спасовски.

Интегрален текст од соопштението:

ВМРО-ДПМНЕ директно се обраќа до техничкиот министер Оливер Спасовски, неговите партиски соработници од СДСМ во неговиот партиски кабинет во МВР, како и од него поставените началници во секторите за внатрешни работи (СВР) во внатрешноста, заедно со нивните подредени.

ВМРО-ДПМНЕ со внимание ја следи нивната работа. Секојдневно се анализира нивното постапување и набрзо ќе дојде денот кога нивното работење детално ќе се ревидира.

Ревизијата на нивните партиски хајки и незаконско работење кои ги спроведува СДСМ преку МВР ќе бидат темелно евидентирани и ќе имаат соодветна разврска, со лична и конкретна одговорност на сите вклучени.

Деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ ќе биде спроведена во централата на МВР, во секоја полициска станица, во секој град, во секое СВР, во секое одделение на МВР, во секој сектор на МВР, во секоја дирекција и управа на МВР.

Ниту една незаконска постапка нема да помине неказнето. Во секој град, во секоја општина и во секоја полициска станица.

Партиските кадри на СДСМ ги потсетуваме дека нивното време истекува.

Им укажуваме на сите нивни подредени да не постапуваат незаконски и да не ги следат партиските наредби од штабовите на СДСМ. Нека размислат за нивните лични постапки и за нивната лична вклученост во партиските хајки на СДСМ преку МВР на Оливер Спасовски.

Јасна е наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски за хипер-продукција на кривични пријави и прогон за членовите ВМРО-ДПМНЕ, без разлика основаноста, фактите и доказите.

Наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски е по секоја цена да се поднесуваат кривични пријави против државните и локалните членови ВМРО-ДПМНЕ, без оглед на тоа што се работи за монтирани случаи.

Но, и наредбодавците од СДСМ, и нивните извршители од СДСМ и од МВР треба да знаат дека со секој изминат ден нивното време изминува.

Набрзо МВР ќе добие нов министер со полн легитимитет. Оние кои ја злоупотребиле својата функција ќе одговараат. Ќе одговараат за нивните партиски хајки од СДСМ, за нивните методи и за нивното партиско самоволие.

Политичкиот прогон кон сите неистомислениците набрзо ќе заврши, со исход како и секогаш досега во македонската историја.

Македонската историја суди и подучува.

ВМРО е константа која не може да се заплаши, не може да се демонтира и не може да се искорне. ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи и ќе ја состави новата Влада.

ВМРО-ДПМНЕ се потпира на довербата на народот. Поддршка и присуство во секое село, во секој град, во секоја улица и во секоја општина.

Доаѓа времето на составување на нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ, со министер во МВР со полн легитимитет.

За кратко време доаѓа деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ која ќе биде спроведена во секоја полициска станица, во секој град, во секое СВР, во секое одделение на МВР, во секој сектор на МВР, во секоја дирекција и управа на МВР.