ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски уште еднаш докажа дека не е министер, туку е дел од Фабриката за афери на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да поднесе кривична против одговорните во германската компанија која ги произвела и испорачала обрасците за возачки дозволи, кои имале несоодветни сериски броеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовси до крај да ја спроведе истрагата и во најкус можен рок да и објасни на македонската и германската јавност зошто германската компанија одлучила да изработи по втор пат бланко обрасци за возачки дозволи со исти сериски броеви, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека, од Оливер Спасовски очекуваат во најкус можен рок да одговори кој и дал наредба на германската компанија да ги изработи по втор пат обрасците за возачки дозволи со исти сериски броеви како обрасци кои биле претходно испорачани во Македонија.

-Оливер Спасовски денеска уште еднаш покажа колку е неспособен и се посрамоти себеси и партијата која ја претставува. Оливер Спасовски уште еднаш потврди и докажа дека не е министер за внатрешни работи туку е дел од Фабриката за продуцирање афери на СДСМ, се додава во реакцијата.