ВМРО-ДПМНЕ стартува со нов начин на комуникација со граѓаните, Live chat

Почитувани, денес во 22:00 часот стартуваме со нов начин на комуникација со граѓаните, Live chat, објави партијата на официјалниот ФБ профил.

Денес во периодот од 14:00 до 20:00 часот сите граѓани ќе имаат можност да му постават прашање на членот на Извршниот Комитет и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Зекир Рамчиловиќ.  Ги очекуваме вашите прашања, се вели во статусот.

Од 22 часот Рамчиловиќ ќе одговара на поставените прашања.