Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Стојчевски не демантира дека е унапреден 10 скалила

Најбогатиот хаусмајстор кој Андреј Жерновски го унапреди во главен инспектор на општина Центар со ниту еден збор не демантира дека е унапреден 10 скалила во хиерархијата на општинската администрација, што е спротивно на законските норми, а уште повеќе на препораките на Прибе за професионалност во администрацијата.

Ова меѓу другото стои во писменото соопштение што денес од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го упатија до јавноста.

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Најбогатиот хаус мајстор Кочо Стојчевски денес по наредба на Жерновски мораше сам да се брани за скандалот кој го предизвика неговото назначување.

Тоа што сосема бегло објасни за неговата градежна фирма, доволно говори дека навистина постои конфликт на интереси и можност за матни зделки и криминални активности.

Хаосот во работата на општина Центар, за што пример е и именувањето на овој хаус мајстор за главен инспектор може да се види на секој чекор. Граѓаните гледаат колку неспособна е оваа гарнитура на чело со Жерновски која наместо проекти, произведува скандали во низа.