Во времето на ВМРО – ДПМНЕ странските директни инвестиции три пати повисоки од времето на СДСМ

Ова е резултат на Владините политики за привлекување СДИ. Над 30 гринфилд инвестиции се реализирани во изминативе години во нови сектори кои создаваат поголема додадена вредност и производство, поголем број вработени и позитивно влијаат на зголемување на извозот и придонесуваат за поголем економски раст. Ова значи дека во изминатиот период структурата на СДИ е подобрена, бидејќи се реализираат инвестиции во сектори кои се на повисоко ниво на технолошка развиеност, за разлика од дел од земјите во регионот каде СДИ се главно во недвижности и концесии.

„Курир“ нагласува дека за разлика од сега, до 2006 година немаше ниту една странска директна гринфилд инвестиција.

Тогаш странските инвеститори во Македонија влегуваа преку процесот на приватизации или аквизиции во секторот на енергетика, телекомуникации, банкарство и слично и беа присутни на локалниот пазар, но не и на надворешниот пазар. Сега, благодарение на политиките за привлекување на СДИ од страна на Владата на ВМРО ДПМНЕ, во ТИРЗ и индустриските зони, работат познати компании како Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Кемет електроникс, Ван Хул, Дрекселмајер, Кромберг и Шуберт итн. Во овие компании се  вработени над 15.500 лица. Со ново најавените инвестиции овој број во наредните години се очекува да се зголеми на над 33 илјади лица, пишува „Курир“.

Инаку, согласно…