Во времето на ВМРО – ДПМНЕ странските директни инвестиции три пати повисоки од времето на СДСМ

Инаку, согласно последните податоци, заклучно со 20 ноември, извозот од компаниите кои работат во ТИРЗ има надминато 1,3 милијарди евра, или 36% од вкупниот извоз на Република Македонија.

Ставрески: Извозот е огледало на конкурентноста на економијата

Ставрески: Извозот е огледало на конкурентноста на економијата
Ставрески: Извозот е огледало на конкурентноста на економијата

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, неодамна рече дека благодарение на СДИ Македонија е една од ретките земји во светот која има суфицит со Германија. Според Државниот завод за статистика заклучно со септември 2015 година, трговскиот суфицит помеѓу Македонија и Германија изнесува 801.9 милиони евра, односно Македонија извезла стоки во вредност од 1.307 милиони евра во Германија, а увезла стоки во вредност од 505 милиони евра.

Извозот е огледало на конкурентноста на економијата. Делови кои се произведени во Македонија, во фабриките во зоните, се вградуваат во најновите германски возила како Мерцедес, БМВ, Ауди. Порано извезувавме само земјоделски производи, тоа е разликата. Тоа говори дека на странските пазари Македонија е поконкурента земја, рече Ставрески.

Дополнително ако се анализира вкупниот извоз од Македонија согласно последните податоци на Државниот завод за статистика може да се забележи дека извозот на машини и транспортни уреди во деветте месеци од годинава е зголемен за дури 27 проценти во однос на минатата година.

Во последните осум години сме посветени на привлекување странски директни инвестиции, без разлика дали се гринфилд инвестиции или сервисна индустрија како ИТ и на тој начин креираме поголема додадена вредност, подобрување на трговскиот баланс, привлекување компании кои се глобални брендови од своите индустрии кои дополнително придонесуваат за подобрување на брендот и меѓународниот имиџ на Македонија, вели Виктор Мизо, директор на Агенцијата за технолошко индустриски развојни зони.

До крајот на годината се очекува официjализирање на уште неколку одлуки за инвестиции во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.