ВМРО-ДПМНЕ: Струјата не само што нема да поевтини, туку со најавената либерализација што ја турка СДС сметките ќе бидат повисоки за 20%

Струјата ќе поскапи во наредните година дена. Не само што нема да поевтини туку со најавената либерализација што ја турка СДС, сметките ќе бидат повисоки за 20%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Последната популистичка мерка донесена од СДС нема да влијае на буџетот на граѓаните. Затоа е донесена пред избори. Целта е граѓаните да не видат навреме дека уште еднаш се излажани од Зоран Заев. Сметките и после мерката на СДС ќе останат исти. Тој што трошел помалку ќе плаќа помали, а тој што трошел повеќе ќе плаќа повисоки сметки, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС, се додава, креира само хаос и неизвесност. -Не се способни да направат ништо позитивно за граѓаните. Затоа ќе бидат казнети на 15-ти октомври.