вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 35

ВМРО – ДПМНЕ: Во Струмица нема ден граѓаните да не се жалат на проблеми

VMRO

Поврзани вести

Струмица е општина во која нема ден граѓаните да не се жалат на комунални проблеми, инфраструктурен хаос и депонии. Се плашиме само како ќе изгледаше Струмица ако СДСМ потфрлеа во успешноста, велат од ВМРО – ДПМНЕ во соопштение упатено до јавноста.

Од владејачката партија велат дека за СДСМ Струмица е успешна, бидејќи не успеа да ги направи 3-те индустриски области, бидејќи не успеа да ги отвори 300-те ветени, а нереализирани производствени погони, бидејќи не успеа да обезбеди 3.000 нови работни места. Тоа е истата општина во која нема ден граѓаните да не се жалат на комунални проблеми, инфраструктурен хаос и депонии.

Се плашиме само како ќе изгледаше Струмица ако СДСМ потфрлеа во успешноста. Граѓаните не сакаат да ја видат успешноста и релизацијата на Зоран Заев. Затоа ќе го казнат СДСМ на изборите на 24 април, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Најчитани вести