ВМРО-ДПМНЕ: Судот потклекна на отворените закани од СДСМ

Судот потклекна на безкруполозниот и отворен притисок на СДСМ кој нема никаква врска со правдата и почитувањето на законите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на судската одлука за куќен притвор за битолскиот градоначлник Владимир Талески.

Во продолжение соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

Судот потклекна на безкруполозниот и отворен притисок на СДСМ кој нема никаква врска со правдата и почитувањето на законите.

Само неколку часа, откако СДСМ се закани, и најави лични тужби против судиите, Кривичниот суд ја измени сопствената одлука, и наместо обезбедување на присуство, изрече мерка притвор. Оваа одлука не е базирана, на закони и факти, туку е одлука донесена под жесток политички притисок и нема никаква врска со реалната состојба.

Сето ова единствено е поврзано со политичките игри на СДСМ и додворувањата на судството кое одсекогаш е мета и посакувана цел на СДСМ, но кога не им успева додворувањето и партиското лобирање почнуваат со заканите и притисоците.

Илузорно е да се смета дека Владимир Талевски ќе ја напушти државата, и ќе се даде во бегство, нешто за што непостои никаква индиција ниту здраворазумски факт. Ваквата одлука на Кривичниот суд има политичка намена, за кохетирање во јавноста од страна на СДСМ во отсуство на реални резултати и виситински дебакл на нивните антидржавни политики.

Целокупното работење на градоначалникот Талевски е базирано врз дословно  спроведување на законот за јавни набавки.

Ова е уште една срамна епизода од работењето и дејствувањето на СДСМ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.