ВМРО-ДПМНЕ: Судството да не потклекне пред заканите на СДСМ

Судството не смее да потклекне пред заканите на СДСМ. Судиите мора да го задржат професионалниот кредибилитет и интегритет и да судат по закон без разлика на заканите за нивно разрешување ако не се покорат на волјата на Заев, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.

– СДСМ е водена од аболициран криминалец и врши континуиран притисок врз судството. Македонија еднаш виде како изгледа кога СДСМ во еден ден менува 617 судии и обвинители со такви по свој терк. Јавноста со свои очи виде и како експонентот на СДСМ во правосудството СЈО си ги штити своите пулени. Јанева го ослободи Верушевски, го аболицираше по втор пат Заев и спроведува отворена хајка против ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Судството, како што потенцираат од партијата, не смее да потклекне пред заканите на СДСМ.

– Поради ваквите криминални уцени на СДСМ граѓаните го поразија десетти пат по ред и не му ја дадоа својата поддршка, и покрај обидите на СДСМ на криминален начин да купува гласови и да ја фалсификува демократијата во Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.