ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски и Анѓушев признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата

Економијата тоне, градежништвото стагнира, капитални инвестиции само во првите 3 месеци изнесуваат 7,4 отсто, а раст на БДП-то е на најниско можно ниво во Европа и во регионот и истиот изнесува 0 отсто, велат ВМРО ДПМНЕ во партиска реакција.

Според нив,  „Неподготвените проекти и неефикасните тендерски постапки се директна последица на незнаењето и неспособноста на картелот на власт, кои ги ставаат своите интереси над интересите на граѓаните и државата.

Нивната неспособност се виде кога речиси цела година држеа готов автопат изграден од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, само поради проблем со преместување на една бандера. Влада предводена од економското цунами Заев, Тевдовски и Анѓушев во делот на инфраструктурата и капиталните инвестиции не започна ниту еден нов проект кој од самиот почеток, од проектирање, би го започнала оваа влада, па дури и да е во фаза на проектирање,  велат од ВМРО-ДПНЕ.

Според информацијата аа да се оствари растот треба работа, визија и знаење, а не блокади, укинувања и најави за уривање.

Ова е евтин политички популизам од кои нема полза ниту државата, ниту граѓаните. Граѓаните и државата имаат потреба од реални проекти и работа. Оваа ненародна власт тоа не го може. СДСМ мора да си замине, се вели во реакцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.