ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што Заев го најави на Телма, дивите орди на СДСМ и СОРОС почнаа да го реализираат

Тоа што криминалецот Зоран Заев го најави на Телма во режираното интервју, дивите орди на СДСМ и на Сорос почнаа вечерва да го реализираат по улиците на Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Тоа што криминалецот Зоран Заев го најави на Телма во режираното интервју, дивите орди на СДСМ и на Сорос почнаа вечерва да го реализираат по улиците на Скопје.

Без грам совест и грижа за иднината на земјата, злосторникот Зоран Заев јасно кажа дека во Македонија се поставени сериозни темели за украинско сценарио. Истото сценарио кое во меѓусебната комуникација го најавуваа Верушевски и другите креатори.

Исход на сценариото во Украина, досега се десетици илјади мртви и поделена држава. Поделба на Македонија, која што вчера ја побараа партнерите на Зоран Заев од Беса.

Дивите орди инструирани од Заев и Сорос вечерва палеа и кршеа низ Скопје. Хулиганите предводени и поттикнати од СДСМ ја напаѓаа полицијата и каменуваа се што им се најде на патот. Идеите на налудничавиот Зоран Заев резултираа со повредени новинари и десетици искршени прозорци.

Зоран Заев и СДСМ ќе одговараат за анархијата во која што се обидоа да ја втурнат Македонија.

Кога ноторен криминалец говори за правда и борба против криминал, не е ништо друго освен поигрување со разумот на народот.

Кога крадец кој ја претвори Струмица во град каде што работат само неговите семејни фирми зборува за чест, не е ништо друго освен поигрување со разумот на народот.

Кога неурамнотежен лик како Заев се заканува „живи луѓе ќе јадеме“ и негови орди напаѓаат и демолираат по улици, а тој бара демократија, не е ништо друго освен потценување на народот.

Македонскиот народ никогаш нема да наседне и нема да застане на страна на ваквите криминалци.