ВМРО – ДПМНЕ: Со соопштенија СДСМ нема да може да го покријат срамот од промовирањето тоталитаризам

СДСМ продолжува да го потценува народот. СДСМ oд петни жили сака на граѓаните да им излезе од глава вчерашното декларирање тоталитаризам од страна на Зоран Заев. Со пет апсурдни соопштенија нема да може да го покријат срамот од промовирањето тоталитаризам. Нема да можат ниту со десет празни безлични соопштенија. СДСМ ги потценува граѓаните ако мисли дека така може да го натера народот да заборави што рекле и што предлагале, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ во одговор на соопштенијата што денес СДСМ ги упати до јавноста.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

СДСМ продолжува да го потценува народот. СДСМ oд петни жили сака на граѓаните да им излезе од глава вчерашното декларирање тоталитаризам од страна на Зоран Заев. Со пет апсурдни соопштенија нема да може да го покријат срамот од промовирањето тоталитаризам. Нема да можат ниту со десет празни безлични соопштенија. СДСМ ги потценува граѓаните ако мисли дека така може да го натера народот да заборави што рекле и што предлагале.

Со ниту едни измислени бројки нема да се покрие срамот од вчера. Срам кој ќе ги следи секогаш, дури се живи, а чии резултати ќе ги осетат во СДСМ за 143 дена.

Срамот не може да го покријат ниту измислени бројки за 626.000 иселени Македонци собрани со податоците на Светска Банка од 1950 до ден денес, при што според истите податоци до 2000 се иселени 324 илјади, а до 2010, 447 илјади од математиката за лузери на СДСМ.

На бројките од 1960 до 2010 СДСМ си собира 100.000 Македонци кои од формирање на Америка до ден денес биле таму, а не биле регистрирани. Па си додава произволни бројки за тоа колку иселени имаме од 2010 до 2015 и на крај СДСМ доаѓа до бројот од 626.312 иселени Македонци. Со собирање на иселениците од почетокот на минатиот век до ден денес, па лепејќи ги на лудата теза дека во време на ВМРО-ДПМНЕ се иселиле толку луѓе од Македонија.

Таква им е математиката и кога си го мерат рејтингот. Слична математика имаат и кога се бројат провизиите – еден иселен од партија, еден според математиката на Вицето – па собирај ги и радувај им се.

СДСМ си собира и си собира, како што си собира измислени мртви бебиња за да критикува здравство, како што си собира нови непријатели секој ден како банките, како телевизиите, како што си собира порази на изборни циклуси.

СДСМ си собира и податоци за волјата на младите Македонци од институти и организации во кои Кирацовски и Николовски го стекнале вредното исксутво кое денес им донесе заменички места во министерствата – покрај другите заслуги кои јавноста ги дозна. Па ги нарекува „реномирани“ сметајќи дека ако СДСМ те нарече реномиран по автоматизам стануваш реномиран. Па си ги цитира и се е како подредено. Се е како што сака СДСМ и Заев.

Се до денот на изборите.

Тогаш на некој мистериозен начин 10 години по ред домашниот есап не му испаѓа на СДСМ.

И после 10 години убедливи порази на избори, на СДСМ народот му е крив. Телевизиите му се криви. Банките му се криви. СДСМ е како дете кое учителката не го сака и затоа има единици.

Затоа не добива шанси да формира влада, бидејќи на деца не им е местото во политиката.

Со измислени мртви бебиња, со измислени бројки на иселени, со измислен рејтинг, со измислено репрезентирање на ставот на младите, со измислени противници, со измислена програма, со измислено водење на некакви си процеси, со измислена самодоверба – не се победува на избори.

СДСМ не може да измисли народ. Народот е реален и народот ја чита манипулаторската политика на СДСМ.

СДСМ за своите весели халуциногени математики има фора до 24 април. После тоа и дигитроните на кои сега си го мерат рејтингот ќе им се расипат.

После 10 порази по ред, доаѓа крајот за оваа гарнитура на СДСМ. Тогаш и Заев и останатите тоталитарни остатоци во СДСМ ќе заминат во историјата, засекогаш.