ВМРО-ДПМНЕ: Трговци со националните интереси на Македонија се секогаш СДСМ

Трговци со националните интереси на Република Македонија се секогаш СДСМ и лидерот на таа партија, сеедно кој, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ е опседнат со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Фрустрацијата во СДСМ од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е толку голема што во секое соопштение го спомнуваат по 10 пати, по еднаш за сите изборни циклуси по ред кои ги губи СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ, во речиси 11 години.

Ниту Никола Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ не тргувале ниту ќе тргуваат со уставното име на Република Македонија. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и непроменети.

Трговци со националните интереси на Република Македонија се секогаш СДСМ и лидерот на таа партија, сеедно кој.

Поради Црвенковски и Шекеринска настрадаа името и  знамето, а Македонија беше територијално прераспределена.

Радмила Шекеринска најавуваше дека ќе ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО за само 6 месеци по доаѓањето на власт, покажувајќи максимална спремност да ја витка кичмата.

Доследен на партиската еластична кичма е и Зоран Заев кој не само што најави јавно дека ќе витка кичма за името и идентитетот, туку и јавно се пазари со луѓе кои сакаат да ја федерализираат Македонија.

Токму Заев ги организира и предводи протестите во кои се понижуваат македонските херои и спомениците на македонската државност.

СДСМ секогаш е подготвен на се за да дојде на власт, вклучувајќи го и раскрчмувањето на Македонија и уништувањето на македонското ткиво.