четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

ВМРО-ДПМНЕ: Тунтев и СДСМ повторно ја лажат јавноста

СДСМ и Томислав Тунтев денес повторно ја излажаа македонската јавност, реагираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

133361379

Поврзани вести

Во продолжение следува интегрален текст од нивната реакција

Жалиме што едно свето место како што е Охрид, СДСМ и Тунтев преку вакви нарачани и лажни прес конференции, континуирано го користат како средство за партиски цели и прибирање на ситни политички поени.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека македонската јавност заслужува да ја дознае вистината. Оттука, сакаме да информираме дека неодржвувањето на „Надзорната расправа за состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион“ во овој момент е на барање на Националната комисија на УНЕСКО, а не како што Томислав Тунтев и СДСМ се обидоа да ја изманипулираат и излажат јавноста дека тоа се должи на немање на политичка волја од страна на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, по донесувањето на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во однос на состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион, Националната комисија за УНЕСКО со допис ја информира Владата на Република Македонија за исходот од 40-тата Сесија на Комитетот на УНЕСКО за светско наследство кое се одржа оваа година во Истанбул, Р.Турција.

На владина седница која се одржа на 30.08.2016година, Владата ја прифати Информацијата и усвои конкретни заклучоци со конкретни рокови кои што треба да се реализрираат до крајот на ноември 2016 година во охридскиот регион од страна на повеќе институции како што се: Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта, Министерството за животна средина и просторно планирање, НУ Национален парк Галичица, Општина Охрид и други.

Во таа насока, според препораките на УНЕСКО сметаме дека надзорната расправа во однос на оценката на состојбите со природното и културното наследство во охридскиот регион би било поцелисходно да се одржи по спроведување на акцискиот план односно пред доставување на Извештајот до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, најрано во декември оваа година, а најдоцна во јануари 2017 година.

Од друга страна, додека ние посветено и силно работиме за развој и туристичка промоција на Охрид и културното наследство кое што го поседува градот, Томислав Тунтев заборави дека како поранешен заменик – градоначалник на Општина Охрид заедно со поранешниот градоначалник од редовите на СДСМ Александар Петрески, ја оставија општинската каса со огромни долгови и ја доведоа општината до работ на банкрот.

Очигледно Томислав Тунтев заборави дека додека беше заменик – градоначалник на Општина Охрид се расфрлаше со незаконски одобренија за градби кои го уништија централното градско подрајче во Охрид, заборави како трошеше на скапи ручеци на сметка на општината, како се луксузираше со скапи и непотребни службени патувања, како замижуваше пред убраната мафија која што го унакази Градот Охрид.

Ваквата лажна грижа која што ја покажуваат СДСМ и Тунтев за Охрид и неговото културно наследство веќе многу пати е видена и препознаена од нас пратениците, од жителите на Охрид, но и од целокупната македонска јавност.

Најчитани вести