ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на локалните избори

Граѓаните сметаат дека Заев не е добар премиер и поголема доверба имаат во извршувањето на оваа функција на Никола Груевски. Велат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на претстојните избори. Граѓаните категорично се против договорот на заев со Бугарија, стратегијата за миграни и законот за јазици. Ова се резултатите од вториот дел на анкетата на Институтот „Павел Шатев“.

Зоран Заев НЕ е добар премиер, сметаат повеќе од половина од испитаниците на анкетата на Институтот Павел Шатев.

Само 19,3 отсто одговориле со ДА на ова прашање.

На прашањето „Кој би бил подобар премиер, Зоран Заев или Никола Груевски“, двојно повеќе од граѓаните одговориле дека тоа е Никола Груевски. Овој одговор го дале 42,2 отсто од испитаните граѓани, а само 21,1 процент одговориле дека тоа е Заев.

Граѓаните против Законот за јазици!

Над 89 проценти од граѓаните се против предложениот Закон за јазици, а поддршка за него даваат само 7,2 %. Во резултатите од анкетата не се вклучени одговорите на Албанците.

Мала поддршка за договорот на Заев со Бугарија!

Над 66 % од испитаниците се против договорот кој Заев го потпиша со Република Бугарија. Поддршка дале само 26,7 проценти.

Речиси 100 % се против стратегијата на Владата за мигранти!

Само 6,6 % од граѓаните ја поддржуваат стратегијата на СДСМ за трајно населување, домување и вработување на мигранти. Над 91 % од испитаниците одговориле дека се против!

ВМРО-ДПМНЕ со убедливо најголема поддршка!

38,2 % од граѓаните велат дека на претстојните локални избори победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ се изјасниле само 18,1%.

Ова се разултатите од вториот дел на анкетата спроведена во периодот помеѓу 9-12 Септември 2017 година Институтот Павел Шатев на 1230 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања. Во истражувањето спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.